Саше Ивановски на својот фејсбук профил објави фотографија со цел да покаже колку го истепала сопругата. Односно Ивановски пишува дека не е тој личноста која прва нападнала, туку дека тој е нападнатиот. Пред неколку часа пак „Република“ побара изјава од Ивановски за овој немил настан за што тој изјави дека такво нешто не се случило.

Не е точно, немало такво нешто, кратко изјави Ивановски за „Република“.

А дека се случило освен колебливиот Ивановски дали бил тепан или не, денеска потврди и полицијата. Од МВР известија дека во средата вечер околу 23 часот, С.И. (38) пријавил дека физички бил нападнат од сопругата М.Л.И. (25), која употребила и нож, во стан во Скопје.

Вчера пак, околу 02 часот, М.Л.И. пријавила дека била физички нападната од С.И., кој употребил и нож во стан во Скопје.

Се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат денеска од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.