Се започна во средината на 2015 година, кога во соседството се зборуваше дека нејзиниот сосед Мајкл Плистед (77) малтретира деца на улица.
Отпрвин, се зборуваше дека им дофрла на момчињата на улица, а потоа приказната и ја потврди пријател, чиј син Мајкл се обиде да го обљуби во хаусторот.
Еден ден, нејзиниот син Бредли дојде дома видно вознемирен и рече дека „чичко Мајкл“ се обидел да го допре и бакне. Во тоа време, за него веќе на големо се зборувало дека е педофил. Тогаш таа му се закани на својот сосед, но тој не се грижел многу за тоа, напротив продолжил да ги малтретира децата.
Кога нејзиниот син повторно и кажал кон средината на 2015 година дека Мајкл го бркал околу зградата и му рекол дека ќе биде негов во одреден момент, на Сара ѝ дошло преку глава.
Таа не сакаше да започне разговор со соседот. Таа само зеде кујнски нож, отиде до неговата врата и го избоде до смрт!
Сара Сандс од Лондон доби три и пол години затвор, и не повеќе, само благодарение на фактот што многу мајки од таа област кои пријавиле сексуално вознемирување од страна на Плистед кон своите синови излегоа во нејзина одбрана.
Иако е слободна од почетокот на 2019 година, таа вели дека и денес не и е лесно што убила човек но верува дека тоа било вистинскиот потег. Покрај тоа, таа раскажа што друго и се случило веднаш штом била ослободена.
– Мајките од околината ми приредија незаборавен пречек. Имајќи предвид дека сум херој на целиот регион и заштитник на децата, како и дека се жртвував во името на сите нив, и во корист на децата, ми рекоа дека ќе ми бидат благодарни за цел живот. Бев трогната. Не сум доживеала ништо подобро – рекла Сара за порталот Сан.
Нагласувајќи дека го направила тоа што секоја мајка би го направила за своето дете тогаш, Сара сепак нагласува дека не жали за убиството.
– Сите знаевме долго време дека соседот е чуден. Требаше само да имаме некои докази за да го означиме како педофил. За среќа, ниту едно дете не било физички повредено или сексуално нападнато, но одело кон тоа. Беше прашање на часови, денови, недели кога ќе силува некого. Можеби го сторил тоа без никој да дознае. Се прашував во затворот дали е тоа вистина. Знам дека направив лоша работа, но не сум лоша личност. Го отслужив своето време, време е за нов живот што го живеам со мојот син веќе две години – вели Сара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.