Холивудската актерка Сандра Булок беше гостинка на шоуто на „ Red Table Talk “ чиј домаќин беше Jејд Пинкет Смит.

Бидејќи поради мерките за заштита од коронавирус, емисиите се одвиваат преку видео повик, Булок ги изненади и презентерот и сите гледачи.

На Сандри и се придружи во еден момент пред камерата и нејзината ќерка Лајла која ја посвои пред пет години и досега не ја покажала во јавноста.

Медицинската сестра Ејприл беше гостинка во емисијата со Сандра, и таа била причината зошто малечката Лајла се појави на телевизија.

„Имам некој овде кој сака да и каже нешто на Ејприл“, рече Сандра и во тој момент Лајла се појави пред камерата.
Булок ја посвои малата Лајла во 2015 година, а пред неа го посвои синот Луис, во 2010 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.