Самохрана мајка на четири малолетни деца доби куќа во Кичево, благодарение на анонимен донатор. Куќата има површина од 65 квадратни метри и дворно место од 200 квадратни метри.
Хуманитарната организација „Класје на добрината“, огранок во Кичево, информира дека се работи за семејство во неволја, кое било без сопствена куќа. Идентитетот не сакаа да го објават со цел, како што велат, да ги почитуваат принципите на хуманизмот.
Оваа куќа, нашата организација ја обезбеди благодарение на поддршката и финансискиот придонес на еден наш сонародник од Кичево, кој живее и работи во Швајцарија. Тој ја купи оваа куќа со намера да ја донира од кога дозна за маките на оваа семејство. Целата процедура одеше преку нашата организација, затоа ние во име на организацијата се заблагодаруваме на донаторот што сака да остане анонимен. Му се молиме на Бога да го заштити него и неговото семејство и да ги награди, објави канцеларијата за односи со јавност при огранокот на Хуманитарната организација „Класје на добрината“ во Кичево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.