Почна сезоната на славите, а тоа е време кога се собираме со своите најмили и со нив го славиме заштитникот на куќата.

Иако е во христијански дух славата да се одбележи скромно, последниве децении сме сведоци на вистински гозби кои се прават во чест на семејсниот празник, а неретко се случува домаќините од тоа да направат спектакл, па често викаат и свирачи за да го одбележат тој ден.Тука се и подароците кои гостите ги им носат на домаќините, а кои од година в година стануваат се полуксузни, а понекогаш и прилично чудни. Се случува жените од славеничката куќа на подарок да добијат долна облека, козметика, есцајг или нешто слично, а децата луксузни играчки.

Прво треба да се појасни дека славата означува сеќевање на покојните, но исто така служи и за духовно помирување и смирување со блиските. Тоа е време кога доколку имало некакви недоразбирања во семејството меѓу блиските сето тоа треба да се реши и да се седне на трпезата со духовен мир и без гневни чувства кон најмилите. Накусо, славата е состанок на љубовта, велат свештениците.

Покрај ова, луѓето иако велат дека ја почитуваат славата, забораваат на најважната работа, а тоа е на денот на куќната слава да одат в црква.

Поголемиот број луѓе, тоа го занемарува и целото внимание го насочува кон прославата на која се трудат на гостите да им понудат што побогата и разновидна гозба. Сепак ништо од тоа не е потребно.

Најважно е на масата да има свеќа – во знак на сеќавање на покојните, славски колач – кој ја претставува жртвата и поради кој е многу важно сами да го месите, а не да го купите, и пченица – која не се принесува за покој на душата на светителот, туку за покој на душата на претците кои ја славеле пред нас.

Што се однесува до подароците, порано, кога биле многу поскроми времињата, за подарок на домаќините им се носело нешто што гостите сами го изработиле: колачи, тесто, леб, но и вино, ракија, јаболка, брашно… Така што и во денешно време многу попригодно би било на домаќинот да му подарите шише со пијалок, кафе и слично.

Суштината е во скромноста и во тоа да не се ставаме во големи трошоци. Тоа не е потребно. Современите луѓе се повеќе ги зголемуваат расходите за слава, па оние кои се погодени од економската криза размислуваат и да не ја прославуваат славата доколку не можат на гостите да им понудат обилна гозба.

Тоа, се разбира, е голема грешка – славата треба да се прославува достоинствено и скромно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.