Татко на две деца побегнал со мајката на својата девојка, само два дена откако се породила. Англичанката Џес Олдриџ (24) го очекувала своето второ дете со 29-годишниот Рајан Шелтон, кога се одлучиле да се вселат кај нејзината мајка Георгина (44), која живеела со сопругот Ерик. Само неколку недели подоцна, почнала да флертува со својот зет.

Џес се породила со царски рез на 28 јануари. Рајан дошол да го види новороденчето, но само што заминал ѝ пратил порака дека сака да ја прекине нивната тригодишна врска.

Тој заедно со бабара побегнале заедно иститот ден кога Џес се вратила дома со новородениот син. Се преселиле во заеднички дом на само 50 километри од Џес и Ерик, со кого Георгина била во брак 12 години.

Најголемото предавство. Очекуваш дека бабата ќе се вљуби во своето внуче, не во зетот. Требаше да биде баба на моите деца, да ми помага околу нив. Побогу, јас сум ѝ ќерка, раскажала очајната Џес за „Сан“.

Огорчената Џес останала сама со двете деца и вели дека ни Рајан ни нејзината мајка не ѝ рекле ни „извини“ или „прости ни“.

Што да правиме, едноставно многу се заљубивме, рекла Георгина за „Сан“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.