Познатата модна уредничка Ана Винтур(69) важи за една од најмоќните жени од светот на модата, а нејзините совети беспоговорно ги слушаат и ценат.

Во нејзиниот гардеробер, како и во јавните појавувања преовладуваат елегантни фустани, блејзери, капути и високи потпетици.

Со оглед на тоа каков стил на облекување има, ретко кој би можел да ја замисли облечена во фармерки.

Меѓутоа, уредничката на американскиот Вог открива дека фармерки сака да носи. Но никогаш не се носат во овие прилики, за време на посета на Бакингемската палата и Белата куќа, како и на други места на кои џинсот е исклучително непожелен.

Кога такво правило би пренеле на услови на обичните луѓе, тоа би значело дека фармерки не треба да се носат за време на посета на претседатели на држави и кралски семејства, формални работни или семејни прилики.

Меѓутоа, третата ситуација изненади многумина. Ана открила дека џинс не смее да се нсои во ситуација кога треба да ги запознаете родителите на својот избраник.

Ана исто така не го поддржува носењето на флуоресцентни делови на облека и тврди дека тоа  го носеле само селанките, кои не знаат многу за модата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.