Шеснаесетгодишната Британка Мејси Скваерс се здоби со опасни изгореници на семејниот одмор во Куба. Иако била намачкана со крема за сончање, тоа што пливала за време на тропското пладневно сонце и донесе тешки последици.
На грбот на Мејси ѝ се појавиле два големи меура, а изгорената кожа околу нив поцрнела.
Докторите ја советувале дека мора да биде стрплива и да ги остави меурите сами да пукнат и да се исушат, за да се избегнат трајни белези на кожата.
Мејси ја сподели својата приказна на социјалните мрежи и апелира: Мачкајте се редовно и почесто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.