На социјалните мрежи се појави снимка која e снимена од камерите пред словачкиот тунел Борик.

Нешто пред пет часот до тунелот забрзано дошло БМВ, кое удрило во заштитната ограда, полетало и удрило во врвот на тунелот.

По неколку вртења во воздух слетал на тркала.

Возачот на БМВ-то (44) од автомобилот излегол неповреден, а алкотестот покажал дека не конзумирал алкохол, соопшти полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.