Познатата холивудска глумица Салма Хајек откри дека била на работ на смртта од коронавирусот, и оти „лекарите ја замолиле да оди в болница затоа што била многу болна“, а таа не ги послушала. Во својот прв есеј за „Њујорк тајмс“, Хајек пишува и за малтретирањето од страна на продуцентот Харви Вајнстин, кој, според наводите, ја уценувал со сексуални услуги и „физички ја исфрлил“ од забавната индустрија, заканувајќи ѝ се по животот.
Критичната епизода со болеста се случила првите денови од пандемијата. Минала седум седмици дома, на кислород.
Лекарот инсистираше да одам во болница затоа што состојбата беше многу сериозна. Не, благодарам. Повеќе сакам да умрам дома, вели таа.
Последиците од болеста се замор и пад во енергијата, што таа особено ги почувствувала за време на снимањето на филмот „Куќата на Гучи“, каде глуми со Лејди Гага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.