Несекојдневна сообраќајна несреќа се случила во неделата околу 15.20 часот во Пула.
Автомобилот паднал од паркинг на улица и тоа од висина од околу два метра. Полицијата денес ја откри причината за падот.
Жената сакала да го сврти клучот за да даде контакт и да ги спушти стаклата на вратите, но по грешка го запалила моторот на автомобилот, по што Реното, кое се наоѓало во првиот степен на пренос, тргнало напред и паднало преку ѕид.
Автомобилот удрил во сообраќаен знак и паркирано возило Хјундаи, кое било непрописно паркирано на место резервирано за лица со инвалидитет од страна на 51-годишно лице.
Полесно се повредени 31-годишна жена и дете. Имено жената која се извлекла од возилото, паднала врз детето кое се наоѓало покрај Реното.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.