Мексиканката Ванеса Ивон Мелендес Карденас сакала за својот 18-ти роденден да скока со пријателите со падобран, но се тргнало на лошо.
Заедно со уште тројца ученици и со инструкторот се подготвувала за летот, а пријателите и семејството ја снимале нивната авантура.
Еве сега ќе слета – рекол еден маж пред да забележи дека Ванеса ја нема.
Нешто подоцна, две тела се пронајдени во полето, на Ванеса и на инструкторот.
Семејството гледало како Ванеса паѓа право во смрт зошто падобранот не и се отворил.
Сепак, од фирмата која организира скокови со падобран велат дека несреќата не е предизвикана поради лоша опрема туку се сомневаат дека некој „чепкал“ околу механизмот за пуштање на падобранот.
Не знаеме што уште се случило, правиме истрага. Ова не се случува туку така, туку во прашање е човечка грешка. Ова сигурно е поврзано со некој кој бил на тој лето, некој кој ракувал со механизмот на погрешен начин – рекол Хорхе Гаитан кој смета дека падобранот е активиран во фаза на летото кога е невозможно механизмот да одговори.
Ванеса паднала од висина од околу 400 метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.