Таткото Меган Маркл и испратил писмо на Опра Винфри, нудејќи и ја својата страна на приказната во семејната драма во која „главна улога“ има неговата ќерка.

Томас Маркл, пензиониран директор за осветлување во Холивуд, во четвртокот се упатил кон имотот на Опра во Калифорнија, каде што бил фотографиран како предава писмо на обезбедувањето пред домот на водителката, нудејќи се за ексклузивно интервју, објави „Д Сан“.

Водителката го направи интервјуто со Меган и Хари на почетокот на месецот. Интервјуто привлече големо внимание од светската јавност, бидејќи Меган покрај другото зборуваше и за чувството дека ја „изневерил“ нејзиниот татко, кој приватното писмо испратено од неа го покажал на новинарите пред венчавката со принцот Хари во 2018 година.

Томас Маркл долго време ја барал Опра за да ја раскаже својата страна на приказната.

Сакав да напишам писмо до Опра во кое ќе ја замолам да ми даде можност да зборувам – им кажал тој на новинарите минатата година.

За потсетување, таткото на Меган Маркл, неодамна се закани дека ќе продолжи да зборува јавно во медиумите се додека неговата ќерка и нејзиниот сопруг принцот Хари не разговараат со него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.