По речиси 15 години одложувања и технички застои, новиот руски научен модул наречен „Наука“ успешно се спои со Меѓународната вселенска станица (МВС) во орбитата на Земјата.

Сепак, од руската вселенска агенција „Роскосмос“ соопштија дека се потребни уште неколку месеци работа со серија вселенски прошетки на екипажот за да може „Наука“ целосно да се користи.

Научниот модул полета со ракетата „Протон-М“ на 21 јули од рускиот космодром Бајконур во Казахстан.

Иако „Наука“ е лабораториски модул, тој ќе се користи и за други работи, но и како магацин за опрема за регенерација на вода и кислород.

Со тежина од 20 тони и внатрешен волумен од 70 кубни метри, „Наука“ е еден од најголемите елементи на МВС. Изграден е уште во 1990-тите, но неговото лансирање, првично планирано за 2007 година, постојано се одложуваше.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.