Рускиот милијардер Дмитриј Бошов е пронајден мртов во предградие на Москва. Како што пренесуваат медиумите, полицијата вечерва добила повик дека се случило самоубиство во селото Усово, во близина на Москва, каде живеел бизнисмен.
Според првичните податоци, Бошов починал ноќва на 6 мај. Тој во 2019 година, за прв пат се најде на листата на најбогатите луѓе во светот „Форбс“, на која беа вклучени 102 учесници од Русија.
Бошов бил на 86-то место како најбогат Русин, со богатство проценето на 1,1 милијарди американски долари.
Рускиот претприемач бил претседател на управниот одбор на компанијата „Алтек“. Клучна област во неговиот бизнис биле рудниците за јаглен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.