Со цел да ја скријат загаденоста на воздухот која го потемнувала и снегот, локалнита власти во Сибир дошле на идеја да го фарбаат снегот со бела боја.

Ова маскирање на ефектите на загадувањето било забележано во градот Миски во Кемеровската област кој е во близина на рудници за јаглен. Руските медиуми објавија снимки од тамошни жители како рацете им се бојат во бела боја откако ќе го допрат снегот.

Локалните медиуми објавуваат дека во и околу градот има дефицит на бел снег заради загадувањето од рудниците за јаглен во регионот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.