Најголемиот бункер во светот се наоѓа во Севастопољ и датира од Студената војна. Овој недовршен објект е долг десет километри на четири нивоа сместен длабоко во планини.
Кодното име е „Објект 221“ и тука требало да биде црноморската флота.Тунелот почнал да се гради во 1977 година но падот на Советскиот сојуз ги расипал плановите за негова целосна реализација.
Овој бункер бил правен да издржи и нуклеарен напад сличен на оној на Хирошима, што било особено важно за Советите во тој период.
Објекторт е изграден на длабочина од 180 метри под цврста карпа, кја ги штити тунелите од било каков воздушен напад.
Изграден на 4 нивоа, командно ниво, стамбено ниво, хардвер и комуникациско ниво, со два сигурни влеза.
Тунелите се широки, па низ нив може да поминуваат воени возила.
Постојат докази дека се вградеи воздушни канали, вентиларори, водоводни и канализациски цевки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.