Вработените во една болница во рускиoт град Казањ биле сведоци на необична глетка кога кај нив спристигнал пациент со забоден нож во грбот кој обилно крварел, јаавува Дејли Мејл. 34-годишниот Владимир стигнал скоро гол, само во долна облека, а како што пишуваат медиумите, ножот бил длабоко зариен во него, па надвор од телото била само неговата дршка.
Како ова да не бил доволно редок случај, пациентот сам без помош од никого тргнал низ болничкиот ходник и излегол пред болницата, само по боксерки на температура од -10 степени, за да испуши една цигара. Тој се вратил внатре дури откако еден од докторите го предупредил дека може да умре ако остане надвор на студот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.