Сестрата близначка на пејачката Росана Сариќ- Тодоровска, Маријана Новачевска на Велигден стана баба. Снаата на Маријана, сопругата на синот Филип, Анастасиа, денес во Мелбурн ја роди Ива, првата внука на Маријана и на Тоде Новачевски.

На овој убав ден на овој Велигден станав бабаааааа…многу сме срекни…добро ни дојде на. свет наша Ива сонце наше најмило

Јас баба по втор пат, а мојата Маријана за прв пат – напиша Росана на својот Фејсбук профил.

Инаку, Маријана која со семејството долги години живее во Мелбурн, Австралија, работи како стоматолог и се повлече од јавноста и од музиката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.