Регионот го обиколи веста дека момче (10) кое вчера е пронајдено мртво во Раковица, наводно случајно се обесило играјќи го Тик-ток предизвикот Блекаут.
Пред неколку дена беше регистрирана смртта на едно девојче во Италија, кое ја играло истата игра.
Светските медиуми апелираат да се пријави секој налог на кој се гледа шерување на Блекаут челинџот.
Како и многу други опасни Тик-ток трендови(предизвикот Син кит)и овој предизвик ги приморува младите да извршуваат задачи кои се опасни по живот.
Во основа овој предизвик ги тера корисниците да се дават, додека не изгубат свест. Оваа игра со години е позната на социјалните мрежи под разни имиња: челинџ онесвестување, игра на давење, забрзано спиење, или игра на онесвестување, а во моментов има земено голем замав на Тик ток.
Медицинските работници предупредуваат дека овој предизвик може да доведе до онесвестување, оштетување на мозокот, па и смрт.
Тик ток ги охрабрува корисниците да ги пријават оние кои учествуваат во овој предизвик и се надева дека така ќе го спречи неговото ширење. Ова може да се направи кога ќе кликнете на белата стрелка на десната страна на снимката, а потоа со притискање на репорт. Овде може да се избере категоријата: самоубиство, самоповредување или опасни постапки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.