Меган Маркл утринава во 5.26 часот на свет донесе син, а наследникот на Војвотката од Сасекс и принцот Хари, роден е на ист датум кога и славниот актер Џорџ Клуни, кој би требало да го крсти.

Кралското бебе родено е на 6 мај, истиот ден кога својот роденден го прославува и Џорџ Клуни, за кој се пишуваше дека ќе биде крстен кум на детето на Меган Маркл и принцот Хари.

Во кралското семејство сите бебиња се крстат 40 дена по раѓањето, а уште минтата година се пишуваше дека Клуни и неговата сопруга Амал ќе бидат кумови на првото дете на Хари. Ова на британскиот Дејли Мејл, тогаш го открил роднината на Клуни, Бен Бреслин, но ни актерот, ни Кенсингтонската палата тоа не го потврдија.

Луѓето родени на овој датум, според толкувањата имаат истакнат уметнички сензибилитет и фантазија, па многумина меѓу нив се занимаваат со уметност, а посебно пеење, создавање, дизајнирање или мода. Исто така тие лесно склопуваат партнерства, а во односите со другите луѓе ги краси многу угоден и љубезен настап.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.