Три лица починаа, а неколкумина се повредени на роденденската забава на руската блогерка Екатерина Диденко во Москва.

На снимката која се шири на руските медиуми се гледа како двајца мажи за забава тураат сув мраз во базенот, но затоа што се наоѓаат во затворен простор, веднаш дошло до создавање на јаглероден диоксид, по што собара се претвора во гасна комора.

Трагедијата се случила во петокот навечер, на прославата на 29. роденден на Диденко. Како што пишуваат руските медиуми, идејата за мразот била на нејзиниот сопруг Валентин, кој сакал да постигне ефект на магла за да создаде поубави фотографии и снимки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.