Мухамед Икрам може со помош на вратот и удар со брадата да игра билјард. Роден е  без раце, но тоа не го спречува триесет и двегодишниот Пакистанец да биде одличен во снукер.

Сретнав многу добри играчи на снукер кои ми велат дека сум вистински генијалец и дека можам да донесам голема слава на Пакистан, вели Икрам.

За билјард е мајстор, но животот на овој Пакистанец е многу тежок со оглед на хендикепот со кој се бори. Живее во градот Самундри во источниот дел на земјата, во провинцијата Пунџаб.

Тој е еден од деветте родени во сиромашно семејство, Икрам како дете бил лишен од образование. Неговата главна преокупација било гледање како другите играат снукер, игра за која никој не сонуваше дека некогаш може да ја игра. Не се сеќава што го поттикнало на тоа, но присетувајќи се вели дека започнал да вежба во тајност.

Се надева дека еден ден, со помош на државата, ќе се натпреварува на меѓународно ниво.

Според официјалните податоци, Пакистан има 3,3 милиони лица со попреченост, иако според други истражувања, бројката достигнува скоро 13% од населението со околу 210 милиони жители.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.