Јапонскиот град Такикава користи робот наречен „Волк-чудовиште“ чија цел е да ги плаши мечките и да спречи нивни напади врз луѓе.
Нападите од мечки се проблем во овој јапонски регион откако минатата година биле регистрирани вкупно 157 напади. Сепак, од почетокот на употребата на „волкот-чудовиште“ немало напади.
Експертите велат дека нападите на мечки се резултат на недостаток на желади во дивината кои се дел од нивната исхрана пред хибернација.Тоа ги принудува мечките да се симнуваат кон градовите во потрага по храна.
Уништувањето на шумите и ширењето на урбаните средини ја намалуваат бариерата помеѓу живеалиштата на мечките и домовите на луѓето. Затоа, контактот помеѓу животните и луѓето е се почест, а со тоа се зголемува и бројот на напади.
Затоа, Јапонците прибегнаа кон технолошко решение, а тоа се волци-роботи кои се движат и испуштаат силни звуци.
Црните мечки и волци некогаш ги делеле централните и северните региони на Јапонија, но волците изумреле поради лов и борба за ресурси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.