Поп-ѕвездата Роби Вилијамс прозборе за неговата самоизолација од семејството и тврди дека неговите симптоми „исчезнале“ откако се помолил.

Вилијамс се врати во Лос Анџелес минатиот месец по посетата на Австралија и отиде во само-карантин далеку од семејството, откако почуствувал симптоми слични на оние на коронавирусот.

Додека ѕвездата на едни од најубавите балади во поп-музиката бил во самоизолација, неговата сопруга Ајда и нивните четири деца, ќерката Теодора (7), синот Чарлтон (5), ќерката Колет (18 месеци) и едномесечниот син Бео, биле во семејниот дом.

Молите се и медитирајте за да се исчезне смртоносниот вирус, кој е поврзан со смртта на илјадници ширум светот, вели Роби.

 

Можев да почувствувам дека телото ми станува летаргично, уморно и се убедив дека ќе добијам коронавирус. Се симнав на колена и се молев. Размислував за мојата сопруга и семејството.

 

За 30 секунди почувствував вибраци и симптомите и стравот исчезнаа, раскажува пејачот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.