Кварталниот извештај на компанијата „Тесла“ му донесе уште најмалку седум милијарди долари на главниот извршен директор на компанијата Илон Маск.
Водечкиот производител на електрични автомобили ги презентира резултатите за последното тримесечје од 2020 година, по речиси 700 проценти раст на цената на акциите во последните 12 месеца, што го претвори во петтата најскапа американска компанија со која јавно се тргува, претекнувајќи го Фејсбук.
И покрај тоа што произведува и продава само дел од автомобилите кои ги реализираат гиганти како Тојота, Фолксваген или Џенерал Моторс, Тесла стана убедливо највредниот светски производител на автомобили, со пазарна капитализација од 843 милијарди долари, во споредба со Тојота со 236 милијарди долари.
Откако испорача речиси 500 илјади автомобили во 2020 година, експертите од компанијата за годинава очекуваат испорака на околу 900 илјади возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.