Ученици од седмо и осмо одделение во основно училиште во Хрватска, рано утрината вчера тргнале на дводневен излет. Кога застанале на пауза меѓу Новска и Окучана, на автопат, камион налетал на нив. Со голема брзина ја поминал пумпата и ги покосил децата и автомобилит кои биле на паркингот зад пумпата. Ива и Рената биле најдобри другарки и двете загинале на лице место.
Беа неразделни. Заедно седеа на училиште, во автобусот. Утрината двете со насмевка тргнаа на излет, од кој за жал, не се вратија – рекол директорот на училиштетот кој следниот понеделник го прогласил за ден на жалост на училиштето.
Мајката на Рената, Зорица Х. на новинарите им рекла дека ѝ ѕвонела на Рената на мобилен штом се случила трагедијата. Кога таа не се јавувала, ѕвонела кај Ива. Била очајна. А, потоа слушнала од медиумите дека двете загинале. Останатите ученици во 16 часот се вратиле во Ердут.
Засега не е позната причината зошто зошто камионот излетал. Возачот наводно кажал дека не му работеле кочниците.
Се уште се чека деталниот технички преглед. Првите проверки утврдиле дека кочниците работеле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.