Алберт Ајнштајн го нарекува ова најважниот избор во човечкиот живот.
Кое е првото нешто што ќе ви падне на ум кога ќе се разбудите? Дали размислувате за работата што треба да се заврши денес, за сите оние електронски пораки на кои треба да се одговори, за документите што ви се натрупуваат на работната маса или за домашните работи што ве чекаат?
Или мислите на работи што ве прават среќни? За бакнежот на вашето дете пред да оди на училиште, за прегратките на саканата личност кога ќе се вратите дома или, иако немате сè за што сонувате, во вашиот живот сè е во ред ?
Алберт Ајнштајн еднаш рекол: „Најважната одлука што човек треба да ја донесе е по кои принципи сака да живее. Без разлика дали живее во пријателски или непријателски свет.
Во кој свет живееш? Како го гледаш? Наше е да одлучиме и ние ја донесуваме оваа одлука секое утро. Кога ќе се разбудиме, треба веднаш да си го поставиме прашањето: „Дали живеам во добар, пријателски свет?”
Начинот на кој реагирате и ја гледате околината влијае на тоа како ви поминува денот. Позитивното размислување ги прави очите сјајни, лицата исполнети со енергија и среќа.
Кога ќе го почнете денот верувајќи дека светот е добар, станувате помалку склони кон негативни реакции ако работите тргнат наопаку. Имате повеќе трпеливост и надеж.
Доброто раѓа добро
Начинот на кој го искусувате вашето утро, влијае на количината на добри работи што ќе ви се случат во текот на денот. Сузан Рејнолдс, коавторка на „Научи го својот мозок да биде среќен“, верува дека чувството на задоволство може толку силно да го стимулира човечкиот мозок што ќе се програмира на некој начин да гледа само позитивни работи. Со други зборови, колку повеќе добро гледате во светот околу вас, толку повеќе ќе добиете за возврат.
Со будење и избор на живот во „лош“ свет, вие го живеете денот на сосема погрешен начин.
Позитивното размислување позитивно влијае на здравјето. Го намалува ризикот од депресија, ја намалува вознемиреноста и нè прави поотпорни на кој било проблем. Луѓето кои се трудат да гледаат добро околу нив имаат тенденција да живеат подолго и подобро да се справат со стресот.
Факт е дека е лесно да се западне во стапицата на негативните мисли, некои работи мора да не погодат, но секогаш треба да се обидуваме да најдеме нешто добро.
Ако денот го почнете со позитивни мисли, животот брзо ќе се подобри.
Извор: Женски магазин
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.