Четириесет и четиригодишната Британка Елејн Стенли, мајка на три деца, била нападната и растргната од сопствените кучиња. Во тешка состојба ја пронашле соседите, но не успеале да ја спасат. Од тешките повреди, таа починала на местото на несреќата, во нејзината дневна соба.

Соседите велат дека кучињата полудиле и едвај можеле да ги оттргнат. Морале да фрлаат цигли за да и помогнат на жената.

Направивме сè што можевме и во моментот кога пристигна брзата помош, таа многу крвареше, додале соседите.

Кучињата мешанци од расата мастиф ги бркале и полицајците кога пристигнале на местото на настанот. Едно од кучињата било застрелано, а другото успеало да се смири и било згрижено.

Нејзиниот партнер Пол Ли тврди дека кучињата никогаш не покажувале агресија.

Случајот во моментов е под истрага.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.