Осумнаесетгодишната Нитаја Савасдиван од Бангкок скокнала од мост по што го загубила животот.
Нитаја пред да скокне запрела такси во центарот на градот, потоа од возачот побарала да ја оведе до мостот, па му кажала да ја вклучи камерата на мобилниот телефон.
Таксистот ниту ги одбил парите ниту се обидел да ја запре девојката во намерата да си го одзеде животот. На полицијата кажал дека не можел да претпостави дека таа навистина ќе го направи тоа.
Откако скокнала од мостот, таксистот околу 2 часот наутро по нејзиното упатство ја објавил снимката на Фејсбук. Речната патрола го пронашла телото на девојката утрото, но сепак не успеале да утврдат за кого се работи.
Полицијата во Бангкок сепак дошла до снимката и ја споредила со времето на скокање на девојката, ги проверила нејзините лични пдоатоци и гардеробата на снимката, па така дошла до заклучок дека се работи за Нитаја. Се воспоставило дека таа е полнолетна девојка која си го одземала животот по разделба со нејзиното момче во состојба на депресија.
Такстот е приведен и испрашан во полиција. Не е познато дали е уапсен поради тоа што очигледно е дека можел да и помогне на девојката.
Законот во Тајланд предвидува казна затвор од еден месец и парична казна за секој кој може да спречи некого да си го одзеде животот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.