Ракопис на Алберт Ајнштајн, во кој физичарот ја подготвувал својата Теорија на релативноста, е продаден на аукција во Париз за рекордни 11,6 милиони евра.
Претходните рекорди за ракопис на Ајнштајн беа 2,4 милиони евра, исплатени по наддавањето во 2018 година за еден напис за Бог и 1,39 милиони евра во 2017 година во Ерусалим, за писанието за тајната на среќата.
Последниот продаден документ беше проценет на два-три милиони евра. За разлика од двата претходни рекордни ракописи, овој запис е научно дело.
Станува збор за ракопис на 54 страници напишан 1913-1914 година во Цирих, Швајцарија, од Ајнштајн и неговиот соработник Микеле Бесо.
Аукциската куќа „Кристи“, каде што се одржа лицитацијата, пред продажбата соопшти дека ваквите документи се многу ретки за тој период и воопшто за периодот пред 1919 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.