Помладиот син на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Виктор наводно ја раскинал својата двегодишна врска и повторно е слободен, пишуваат српските медиуми.
Тој според наводите на медиумите ја раскинал врската со Сандра Мијаковиќ по двегодишно забавување.
Во прилог на тоа сведочат и фотографиите кои се избришани кај двајцата, но покрај тоа тие се уште се следат на социјалните мрежи.
Виктор со семејството инаку овие денови е во Црна Гора, додека Сандра со пријателите е на фестивалот „Егзит“.
Инаку ова не е прв пат да го остави Сандра, таа минатата година ја раскина врската со него бидејќи во телефонот му пронашла пораки со друга девојка.
Парот последен пат беше заедно на прославата на продажбата на „Гранд“ чија продукција беше во сопственост на неговата мајка и Саша Поповиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.