Еден маж е уапсен откако пукал на мајка и син во хотел во Мајами Бич, Флорида, изнервиран бидејќи не ги почитувале мерките за физичка дистанца.

Вие не се придржувате кон мерката за физичко дистанцирање – вели Даглас Маркс (47) од Мајами во писмената изјава, до која локалните медиуми имале пристап.

Тој потоа им рекол на Вероника Пен и нејзиниот син, туристи кои дошле на Флорида од Мексико, дека мора да го напуштат хотелот, по што извадил огнено оружје и испукал неколку истрели во холот на хотелот.

Никој не е повреден во пукањето, што се случи во вторникот вечерта, пренесува Дејли Меил.

Маркс признал дека пукал, но на детективите им изјавил дека тоа го сторил бидејќи го следеле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.