Дваесет и четиригодишниот Ѓорѓе Лацковиќ брутално ја претепал својата девојка, 22-годишната Ивана, со која живеел во стан во Нови Сад.
Полицијата го привела и одреден му е притвор од 48 часа, после што со кривична пријава за насилство во семејството бил спроведен на сослушување во обвинителството.
Во полицијата потврдиле дека за осомничениот истовремено под итна постапка е издадена забрана за приоѓање на оштетената и наредба да го напушти станот во кој живееле заедно.
Братот на претепаната Ивана, Иван Филиповиќ, кажал дека неговата сестра не го кажала мотивот за стравичното претепување, но дека тој е убеден дека станува збор за љубомората која ја чувствувал Ѓорѓе.
Тој е психопат – рекол огорчениот Иван.
Инаку, Ивана и Ѓорѓе биле во врска околу една и пол година. Пред 4 месеци одлучиле заедно да живеат во Нови Сад, каде двајцата нашле работа. Таа работи во обложувалница, а тој во некоја фирма.
Сите бевме против таа врска, бидејќи Ѓорѓе е многу суетен и љубоморен и тоа без причина. Сестра ми велеше дека го сака и сака да живее со него. Се плашев да не ѝ направи нешто и мојот страв, за жал, беше оправдан – рекол братот.
Мештани од Клење, од каде што потекнува Ѓорѓе, велат дека тој е познат по агресивното однесување.
Цело Клење и Богатиќ зборува за овој немил настан. Сите знаат дека Ѓорѓе е насилен и никому не му е јасно зошто Ивана се согласила со него да влезе во емотивна врска. Се потресовме кога слушнавме дека монструозно ја претепал девојката. Се надеваме дека таа брзо ќе закрепне и дека после се ќе излезе посилна, рекол поранешен сосед на насилникот.
Ѓорѓе е инаку студент на Факултетот за спорт и физичко воспитување во Нови Сад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.