Филип Барлоу, патолог од Велика Британија, првпат во историјата на земјата го потврди загадениот воздух како причина за смрт. Во одлуката, тој оценил дека загадениот воздух придонел за смртта на едно деветгодишно девојче во Лондон.

Заклучувам дека загадениот воздух претставува материјален придонес за смртта на Ели Адо Кис Дебре 2013, вели Барлоу, патолог.

Девојчето починало на 15 февруари 2013 година, од тежок напад на астма по триесетина хоспитализации во изминатите три години поврзани со таа болест. Девојчето живеело во близина на клучка на многу прометна сообраќајница на југот на Лондон. Судот во 2014 година заклучил дека таа починала од акутно затајување на системот за дишење предизвикано од тешка астма, а не поради загадувањето.

Тие заклучоци се поништени минатата година и жалбениот суд закажал ново сослушување поради научните откритија, посебно известувањето на експерт за загадување на воздухот Стефан Холгета.

Тој ја утврдил врската помеѓу хоспитализирањето на девојчето и високото ниво на азот диоксид NO2 и лебдечки честички на најштетните загадувачи, во близина на нејзиниот дом.

Барлоу утврдил дека причината за смрт, како прво е акутното затајување на системот за дишење, второ астмата од која девојчето боледувало и трето изложеноста на загадување, чие ниво ги надминува препораките на Светската здравствена организација.

Загадувањето на воздухот е важен фактор кој придонесува за влошување на астмата, објаснил тој.

Мајката на девојчето не била информирана за здравствените ризици. Да била информирана, ќе презела мерки кои би можеле да ја спречат смртта на девојчето, заклучил Барлоу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.