Овој јануари е регистиран како најтопол јануари на планетата, а за нијанса е потопол од истиот месец во 2016 година.

По рекордно топлата деценија, 2019 година беше најтопла година регистирана на планетата, а 2020 почнува со истиот тренд.

Во јануари просечната температура на планетата ја помина за 0,03 степени Целсјусови температурата од истиот месец во 2016, кој беше најтопол јануари, соопшти европската служба за климатски промени, Коперникус.

Во поголемите зони од светот забележани се температури повисоки од просечните.

Според Коперникус, последните пет години се најтоплите години некогаш забележани, а температурата пораснала меѓу 1,1 и 1,1 степени над температурата во прединдустриската ера.

Деценијата 2010 – 2019 исто така беше најтопла од почетокот на мерењето на температурата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.