Првиот избор за „Песна на Евровизија“ се одржал во 1956. година и учествувале само 7. земји.
Во 1956. година, на иницијатива на генералниот директор на швајцарската телевизија, Марсел Бесенсон, се одржал првиот фестивал наречен „Grand Prix De La Chanson Europienne“, идниот избор за „Песна на Евровизија“.
„Песна на Евровизија“ се гледал како начин на обединување на различни земји и нации во повоена Европа, а самото име „Евровизија“ за прв пат го употребил британскиот новинар Џорџ Кемпи во весникот „”London evening standard”“, во 1951 година.
На првиот натпревар, што се одржал во градот Лугано на 24 мај 1956л година, учествувале Франција, СР Германија, Италија, Холандија, Луксембург, Белгија и домаќинот Швајцарија. Секоја земја испраќала по две песни, па имало вкупно 14. песни.
Системот за гласање предвидувал секоја земја-учесник да испраќа по двајца членови на жирито кои можат да гласаат за сите песни, вклучувајќи ги и оние од нивната земја. На крајот, жирито од Луксембург не можело да патува за Швајцарија, па наместо тоа, на земјата домаќин и било дозволено да гласа.
Победата ја однела претставничката на Швајцарија, Лис Азија, со песната „Refrain“, што предизвикало скандал и го довело во прашање целата регуларност на гласањето.
Гласовите на одделни членови на жирито никогаш не биле објавени, иако е факт дека победничката композиција освои 102 поени (од можните 140).
Ова беше единствениот избор без снимање, ниту една копија не преживеала, земјите имале повеќе од една песна. Исто така, иако се натпреварувале до денес, освен победничката песна што се повторила на крајот ниту една друга не се слушнала повторно.
Југославија се приклучи на Евровизија уште во 1961. година како единствена земја, надвор од Западна Европа што се натпреварувала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.