Денот на вљубените за Кејт и Вилјам веќе е почнат.

За време на официјалната посета на јужен Велс, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам не можеле да престанат да се гледаат меѓусебно и да си делат комплименти.

Жена од публиката која ги дочекала, му се обратила на Вилијам со зборовите дека неговата ќерка, принцезата Шарлот и е омилена.

Кејт збунето го гледала сопругот и се насмевнувала на секој негов збор.

Облечена во црвен фустан, со црвена марама на која има бели срциња, војвотката од Кембриџ исто така влезе во празнично расположение.

Тие внимаваат еден на друг, на разни начини. Некои ќе речат дека имаат старомоден брак, но изгледа тоа функционира, истакнал нивен пријател на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.