Доверливи документи протекоа во хрватските медиуми поради кои се крена голема прашина. Никој од припадниците на тајното друштво сеуште не се огласил.

Факт е дека оваа бегалска криза го покажа вистинското лице на светот. односно, со други зборови, на врхушката на светот. Потребно е само да се поврзат коцките во сложувалката, пишува croativenet.hr.

Масоните и наредија на Европа узов на бегалци

На површина испливаа оние кои се „за“ и оние кои се „против“. Така со мас медиумите, ОН и останатите организации својот глас за бегалците го даде и масонското друштво ширум светот. Имено, дури 28 големи ложи на слободните ѕидари потпишале службена изјава во која, со досега невидена отвореност го разјаснуваат феноменот на населување без ограничување и без правила кои токму сега ја парализираат Европа. Феномен кој се покажува како се поголем јаз меѓу елитата и народот.

Меѓу потписниците се Големиот ориент на Франција, Големата ложа на Австрија, Големиот ориент на Швајцарија, Големиот ориент на Белгија, Големата ложа на Белгија, Големиот ориент на Хрватска, Големата ложа на Србија, Големиот ориент на Ирска, Големата ложа на Италија, Големиот ориент на Луксембург, Големиот ориент на Полска, Големиот ориент на Португалија, Големиот ориент на Грција, Женската голема ложа на Турција и многу други.

Масоните бараат …
Масоните од европските лидери не бараат само прифаќање на сите доселеници, туку многу повеќе од тоа. Од европските лидери тие очекуваат масовно примање и имплементирање на мигрантите во општеството-долгорочно. Масоните од светот на овој начин покажаа зачудувачко единство кое се гледа низ фактичката конвергенција со службените стратегии на ЕУ и повеќето земји членки на ЕУ. Целосната еднаквост меѓу слободното ѕидарство и политичките чиновници и челници ретко е вака очогледно покажано.

-Согласноста има една цел-подривање на темелните елементи на нашата општествена заедница како што се татковината, идентитетот, народот, пишува „Corrispodenza Romana“.

Службениот документ од масонските ложи го образложува барањето за доселување без ограничување и надвладување, „национален егоизам“ и давање на предност на „општите интереси“ кои не се поблиску дефинирани и кои бараат „иновативна политика на гостопримство“.

Ложите опоменуваат и се закануваат …
Ложите не споменуваат само возвишени намери, туку изрекуваат и опомена. Ако владите не ги држат отворени своите граници и со тоа не ги исполнат нивните барања, ќе дојде до „поделба и конфликт“ и до „повторно заживување на национализмот“ во Европа, а тоа е нешто што според нив мора да се „сотре“.

Европските масонски ложи не кажуваат како треба да се постигне квадратура на кругот, како интересите на бегалците и на се поголемиот наплив на бегалци ќе се ускладат со интересите на европските народи. На слободните ѕидари им е доволно јавно да ја дефинираат фиксната точка како услов без кој не се може.

Сега се гледа кој е „за“ а кој „против“
Со оглед на тоа дека масониеријата е во директен конфликт со католичката црква која таа ја протерала уште во 1738 година кога на католиците им било забрането да влегуваат во масонси друштва, како ден е јасно кој е „за“ а кој е „против“ планската миграција на народот. Денеска постојат масонски наредби кои мора да ги спроведе католичка Европа. Целта е едноставна, уништување на католичката црква, христијанството, но и на сите други народи, а потоа воспоставување на “Minios” едноумие, пишува croativenet.

-Европската унија мора да биде модел за идна светска држава-таа мора да ги опфати земјите на Блискиот исток и северна Африка, изјави во дамнешната 2007 година Давид Милибанд за Би-Би-Си.

Малкумина знаат кој е Милибанд иако ова е човек кој треба да го запомниме. Тој е консултатнт на многу светски конзорциуми, влади итн, член е на трилатералната комисија на Рокфелер. Неговиот профил е профил на глобален менаџер-беше најмлад министер за надворешни работи на Велика Британија, неговиот брат до неодамна беше лидер на лабуристичката партија во Англија, главен во врвот на светот за океанографија и одржлив развој. Освен тоа како поранешен министер за надворешни работи на Велика Британија рече уште некои работи! Освен што во 2007 јасно најави дека Европа е Новиот светски поредок во мало, рече дека за остварување на таа цел мора и смее да се употреби мека и тврда сила. После сето ова јасно е дека овде не станува збор за ислкучителни случаи кои ја затекнаа Европа, туку за трпеливо подготвена стварност.

Извор: croativenet



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.