Британскиот археолог Кен Дарк од Универзитетот Рединг тврди дека ја пронашол куќата во која Исус Христос го минал детството. Според него, куќата се наоѓа во Назарет, соопшти денеска Европската асоцијација на археолози на официјалниот Твитер.

Дарк работел на пронаоѓање на остатоци од женски манастир во Назарет во Израел, кој, според него, живеел исус.

Дејли меил пишува дека Дарк на основа на истражување на теренот заклучил дека куќата му припаѓала на Јосиф, сопругот на Марија, односно на Исусовиот татко.

Куќата имала неколку соби, двор, балкон на покривот, а денес на тоа место се гледаат само камени скалила, а зад куќата има природна пештера, вели Дарк.

Сепак, признава дека нема физички доказ дека тоа навистина била куќата на Исус, меѓутоа, додава дека е тешко да се најде доказ по 2000 години, пишува Дејли меил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.