Трговијата со уметнички дела на црниот пазар е најисплатливата работа веднаш по трговијата со наркотици и оружје, а досега се пронајдени неколку украдени предмети со големи вредности од музејот Југославија.
Меѓу една од најважните украдени работи од музејот, е златниот часовник кој му припаѓал на Јосип Броз Тито, а бил украден пред повеќе од 10 години од Музејот на Југославија за време на изложба на часовници кои му припаѓале на поранешниот југословенски претседател.
Ова го потврди министерката за култура, Маја Гојковиќ, која вели дека часовникот бил пронајден во Хонг Конг при обид да се продаде на аукција и дека во моментов се бара начин како да се врати во нашиот музеј, од Кина.
Една од најактуелните украдени работи од музејот е златото кое исчезна во 2019 година. Се работи за накит и ташна од крајот на 19ти и почетокот на 20ти век. Неодамна успеавме да го пронајдеме, а против сторителите е поднесено пријава и се чека судска постапка, изјави министерката.
Исто така, таа наведе пример и на украдена слика од пред 20 години од музејот во Војводина, а сега е продадена во Цирих за огромна сума на пари, приближно околу 500,000 евра.
Министерката за културна на Србија истакна дека 32 музеја низ територијата на цела држава доставиле списоци со украдени работи и работи кој им недостасуваат а имаат непроценлива вредност. Додека 23 музеја веќе имаат тековна судска постапка за враќања назад на украдените работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.