Споменик од римско време, од непроценлива вредност, стар 19 векови, само што е пронајден на археолошкиот локалитет Винча, во близината на Белград, украден е за нешто повеќе од 24 часа, пишува Блиц. На крадците не им сметало и тоа што споменикот тежел околу половина тон.

Генерално, ваков камен споменик со вклесан натпис на латински јазик е исклучително редок во светот и тие не се продаваат на официјални аукции туку се продаваат под рака. Оттука не се знае вистинската цена, но се проценува дека е исклучително висока – и по неколку стотици илјади евра.

Пронајдениот па украден споменик на територијата на Србија, според првите проценки, единствен е во светот поради тоа што содржи на него – од сочувано стапало до латински натпис со 15 редови. Оттука неговата, условно речено, материјална вредност ги преминува сите досегашни бројки.

Според тоа што го пишува на споменикот, на латински, стручњак од Народниот музеј утврдил дека споменикот припаѓа на човек од висок витешки сталеж. За време на воената служба раководел со различни воени одреди и служел во три легии. Учествувал во војна со Дакијците и за време на неговата служба бил одликуван неколку пати.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.