Група етузијасти од Скопје, здружени во ББ Класик Карс, денеска промовираа македонски електричен автомобил наречен ЗАС Г20. Станува збор за реставрирано „фиќо“, во кое е вграден електричен мотор, батерии и сета останата опрема потребна за конверзија на бензинскиот во електричен погон, јавува Нова Македонија.
Возилото е придвижено од 20 киловатен мотор, има нулта емисија на јаглерод диоксид, а со едно полнење на батериите може да помине до 150 километри, во зависност од начинот на возење. Максималната брзина му е ограничена на 130 километри на час.
Батериите се полнат за три до три и пол часови на домашен мрежен приклучок, додека на брз еднонасочен полнач полнењето одзема 15 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.