Вчера, недела 6 декември, целиот регион длабоко го погоди и потресе веста дека легендарниот фолкер Џеј Рамадановски почина во 56 година, поради проблеми со срцето.
Колегите, пријателите и неговите обожаватели се простуваат од пејачот со големо срце, чиста душа и вонсериски талент, а многумина се сетија на неговата позната „Недела“, како претскажување на денот на неговата смрт.
Сепак Џеј не е единствен кој починал на овој ден. Уште една голема легенда го напушти овој свет токму во недела. Во прашање е Шабан Шаулиќ. Шабан почина во недела 17 февруари минатата година во Германија, кога се враќал од настап.
На ист ден, во недела 22 ноември оваа година не напушти и познатиот Мустафа Надаревиќ. Актер крај кој израснаа многу генерации, кој беше сакан и почитуван, почина во 78 година, после долга борба со болеста.
Една недела подоцна, на 29 ноември, исто така во недела, басистот на Рибља Чорба, Мирослав Миша Алексиќ почина од коронавирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.