Комунална полицајка доби тупаница во лицето од една продавачка на пазар во Белград.

На социјалните мрежи се појави интересно видео од српскиот главен град во кое може да се види како една жена за која се наведува дека е улична продавачка, удира со тупаница комунална полицајка.

Најпрво продавачката и полицајката се расправаат околу куферот на продавачката за на крајот вербалната расправија да прерасне во физичка пресметка, по која полицајката завршува нокаутирана на земја.

Инцидентот се случил на пазарот Видиковац во Белград во присуство на многу граѓани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.