Мохамад бин Салман е обвинет дека го нарачал убиството на новинарот Џамал Кашоги во 2018 година.

Светските медиуми пишуваат дека американската глумица Линдзи Лохан и принцот на Саудиска Арабија Мохамад бин Салман се во врска.

Се запознале пред една година на трка на Формула 1, оттогаш се зближиле и меѓу нив се разгорела љубов, пишува Пејџ сикс.

Нивната љубов почнала со разменување пораки. Пријатели на Линдзи кажуваат дека глумицата лета низ целиот свет, каде што ќе посака, во приватниот авион на принцот, а тој ѝ подарил и кредитна картичка на која има на располагање милиони долари.

Иако нејзиниот портпарол ги негира овие тврдења, извори од Дубаи каде што глумицата живее некое време, тврдат дека тамошните „моќници“ се постојано околу Линдзи.

„Луди се по неа овде“, објасниле за Пејџ сикс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.