Британскиот таблоид „Дејли мејл “ објави неколку фотографии, за кои се вели дека се од ергенската вечер на принцот Вилијам.

На фотографијата се гледа како принцот танцува со русокоса девојка во сексапилен аутфит, откако испил неколку чаши текила и вотка.

Според „Дејли мејл“ овие фотографии настанале во околу 3 часот наутро, а во позадина се слушала песната од „Billie Jean“ од Мајкл Џексон, а Вилијам изгледа како да не му е грижа за ништо во моментот. Со него бил и негов пријател, а сето тоа се случувало во подрумот на лондонскиот “К бар“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.