Принцот Вилијам и војвотката Кејт важат за родители кои добро ги воспитуваат своите деца. Како идни крал и кралица, нивниот став околу чувствителните општествени прашања е многу важен за јавноста.
Во месецот на гордоста, принцот бил прашан што би направил ако некое од неговите деца се изјасни како хомосексуалец.
На тоа тој одговорил:
Мислам дека луѓето не мислат за тоа сè додека не станат родители. Мислам дека… Тоа е сосема во ред… Единствено околу што би бил загрижен, особено поради улогата која моите деца ја имаат, е како на тоа ќе се гледа и како ќе се интерпретира.
Потоа додал дека со војвотката Кејт планираат отворено да разговараат со своите деца на секоја тема, вклучително и сексуалната ориентација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.