По интервјутo на принцот Хари и Меган Маркл кој Опра Винфри во кое парот обвинуваше за расизам и расправии во британското кралско семејство, се огласи братот на Хари, принцот Вилијам и рече дека нивното семејство нема никаква врска со расизмот.
Војводата од Кембриџ е првиот член на кралското семејство кој лично ги коментира наводите изнесени во интервјуто. Тој откри дека по интервјуто сè уште не разговарал со неговиот брат, но дека „наскоро ќе разговара“.
Ние во никој случај не сме расистичко семејство, рече тој директно на новинарско прашање во врска со тврдењето на Меган Маркл дека еден член на семејството е загрижен дека кожата на Арчи ќе биде премногу темна кога ќе се роди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.