Еден од најпознатите членови на кралското семејство, 36-годишниот принц Вилијам, се соочува со проблемми. Меѓутоа, иако проблемите и скандалите, се чини, станаа стил на живот на ова најпознато семејство на светот, овој пат станува збор за посериозни проблеми, од здравствена природа, барем ако може да им се верува на пишувањата на американскиот таблоид „Нешенел еквајер“.

Овој медиум, имено, пишува дека Вилијам го губи видот, поточно му се заканува – слепило.

Според таблоидот, губењето на видот многу го загрижува принцот, па токму затоа тој побарал помош од најдобрите лекари во земјата.

Принцот Вилијам има уште пет години пред целосно да го изгуби видот – тврди анонмен извор од кралскиот двор, со што загрижил многумина.

Тој јавно објави дека видот сè повеќе му се влошува. Но, внатре во ѕидовите на кралската палата, тој е смртно исплашен дека целосно ќе го изгуби видот – додава изворот, кој ги откри и причините за наглото влошување на здравствената состојба на омилениот принц.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.